Поповски: Можни нови поројни поплави, ново големо невреме доаѓа во Македонија!

Објавено на 19 јуни, 2025 во 09:21

Под влијание на плиткиот циклон кој е со центар над Туренско Море, во Македонија ќе одржува многу нестабилно време сe до петок, 20 јуни. Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните  и вечерните часови ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои сe очекуваaт појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Поради загрената атмосфера која е исполнета со енергија, повторно во државата ќе има појава на невреме, проследно со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплави, силен ветер, силни електрични празнења  и појава на град, којшто во ваква ситуација би можел да биде  и крупен.

И во делови од Скопскиот регион очекувам нова нестабилност со пороен дожд, грмежи, силен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.

Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат  и да не ги оставаат во близина на дрвјата, особено старите и осамените.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/, додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.