Поповски: Неделава топло, во среда и четврток повторно врнежи и невреме!

Објавено: 1 септември, 2025, во 06:58 часот

„Територијата на Македонија во текот на оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, токму ова ќе услови повторно да имаме значително повисоки температури на воздухот. Температурите ќе постигнат и надпросечност како и значителна по умерена висина за овој период од годината поради тоа што полека но сигурно наближува есенскиот период од годината, кога денот е се пократок а ноќта се подолга.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сепак, поради фротнална долина со поладен воздух на висина која од северозапад ќе се спушти преку алпскиот регион кон делот од Европа во којшто се наоѓа државава, во среда,3 септември и во четврток,4 септември во  Македонија повторно ќе дојде до дестабилизирање на атмосферата и зголемување на облачност. Токму ова ќе услови на повеќе места да имаме појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што ќе значи дека повторно очекувам да имаме развој на конвективни грметевични облачни јадра.

Локално повторно ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и локална појава на град. Во Скопје и околината, во погоре споменатиот период, ќе имаме слично време, со појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, а преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 18 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 33 степени. Во четврток,температурата ќе биде пониска и ќе се искачува до околу 27 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.