Поповски: Невреме, силни грмежи, а од викендот и значително поладно во Македонија!

Објавено на 7 мај, 2025 во 08:08

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух, во Македонија и во следните денови ќе има многу променливо и нестабилно време со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, гласи прогнозата на Славчо Поповски.

„Локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен, пороен, краткотраен дожд којшто може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и појава на град. Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегува претстој на отворен простор  и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги паркираат во близина на дрвја, особено под постари и поосамени дрвја.

И во Скопскиот регион останува променливото и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Релативно високи до петок додека во време на претстојниот викенд поради надоаѓање на значително поладен воздух од север и од североисток во Македонија ќе има позначително спуштање на температурите проследени со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. На високите планини не се исклучува можноста и за појава на снег, додава метеопрогнозерот Поповски.

Тој им препорачува на граѓаните на следниот линк https://nothas.finki.ukim.mk/  да ја следат алатката НОТАС, за рано предупредување од невреме којашто може да им биде од голема помош.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.