Поповски: Облачно време, знак за заладување проследено со силен ветер во Македонија
Објавено: 17 септември, 2025, во 08:58 часот
„Утрово, среда, 17 септември, во Македонија имаме зголемена облачност но сеуште со релативно високи минимални утрински температури на воздухот. Облачноста најава е за продор на поладен воздух од север кој ќе биде проследен со засилен, повремено силен ветер и локално со брзина од над 60 км/час,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во утринските часови.



