Поповски: Од денеска до петок максимумот на топлиот бран од Африка, потоа освежување!

Објавено на 25 јуни, 2025 во 08:59

„Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ, односно од Африка кон Македонија, од денес, среда, 25 јуни до петок, 27 јуни, времето ќе ни биде најтопло, односно топлиот бран ќе го достигне својот максимум кога температурите ќе се искачат во интервалот од 32 до 40/41 степен во Повардарието.

Времето ќе биде сончево, стабилно и суво со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.  Во Скопје  и околината максимумот на температурата ќе достигне до околу 40/41 степен.

Ув индексот пак ќе има многу висока до екстремно висока вредност со коефициент 9.

Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Во петок, попладне  и навечер ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за локално невреме, додека за време на викендот следува намалување на интензитетот на овој топол бран од Африка, освежување на времето и умерен до засилен ветер од северен правец. Секако со ова ќе имаме  и пад на температурите, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.