Поповски: Падна снег во Словенија, ладниот бран од северозапад се спушта кон Македонија

Објавено: 8 јули, 2025, во 16:06 часот

Ладниот бран од северозапад преку алпскиот регион се спушти до Балканот и денес, вторник, 8 јули, донесе снег на Словенечките планини, односно снег падна на Кредарица, висока планина во Словенија, соопшти метеро прогнозерот Славчо Поповски.

„Ладниот воздух понатаму ќе се спушта кон југ и југоисток од Балканот и до утре, среда 9 јули,  доцна попладне и навечер, а особено ноќта кон четврток, 10 јули,  ќе стигне во Македонија, условувајќи засилен ветер од северен правец со брзина од над 60/70 км/час условувајќи нагло спуштање на температурите за близу 15 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.

Само утре накратко во западните и во северните предели локално ќе има повеќе облачност која ќе услови појава на краткотраен дожд.

Значително посвежо ќе биде во четврток, 10 јули, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервал од 23 до 31 степен. Исто така од четврток па во деновите потоа утрата ќе бидат многу свежи и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу и под 10 степени. Локално тие ќе се спуштаат дури и до околу 5 степени, особено на планинските и повисоките места, како и во Беровско.

Конечно по многу топлиот бран од југ, односно од Африка ќе здивнеме од горештините  и ќе можеме да уживаме во значително попријатното, односно посвежо време, особено во ноќните и во утринските часови, кога ќе ни биде  потребна  потопла облека, додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.