Поповски: По топлотниот бран, ни доаѓаат невреме, силен северен ветер и освежување!

„Топлотниот бран со потекло од југ, односно од Африка, во Македонија го достигнува својот максимум, па така денес. Четврток 26 и утре, петок 27 јуни, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.
Веќе утре, во попладневните и во вечерните часови, локално ќе се развиваат грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер а локално можно е и невреме со појава на град. И во делови од Скопскиот регион утре попладне и навечер ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.
За време на викендот пак, сабота, 28 и недела 29 јуни, поради продор на посвежа воздушна маса од север во државата температурите ќе бележат тенденција на пад за 5 до 7 степени во однос на оние кои ќе ги имаме денеска и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени додека во Скопје максимумот на температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 33/34 степени.
Исто така за време на викендот ќе дува од засилен до повремено силен ветер, од северен правец којшто повремено и локално ќе има брзина од над 70 км/час,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
