Поповски: Повторно ќе залади, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд

Објавено на 16 октомври, 2025 во 08:23

„Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот во текот на денот, четврток, 16 октомври, ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, додека во текот на ноќта и утре, петок, 17 октомври, врнежите повремено ќе бидат пообилни и ќе се прошират на најголем дел на територијата на Македонија. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 25 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и особено долж Повардарието каде  ќе засилува на интензитет.

И во Скопје  и околината ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец којшто  ќе се засилува.

Поради пад на температурите  и продор на поладен воздух од североисток на највисоките планински врвови (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.

Температурите, повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.  Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервал од 8 до 16 степени, а во Скопје и околината до околу 13 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.