Поповски: Продор на посвеж воздух од север и ново силно невреме доаѓаат во Македонија!

Објавено на 16 јули, 2025 во 09:06

По денешниот стабилен, сув, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 36 степени.

„Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре,  четврток, 17 јули, во попладневните и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер од западен правец, во западните предели додека во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели на Македонија.

И во делови од Скопскиот регион утре, во попладневните  и во вечерните часови, ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок,18 јули, температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок  ќе се искачи до околу 30 степени.

Поради очекуваното невреме за утрешниот ден апелирам на поголема внимателност од страна на граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.