Поповски: Се до петок, 15 август, Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран!

Објавено: 8 август, 2025, во 09:02 часот

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето, се до 15 август,петок, ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопскиот регион се до петок времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонија ќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните  и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.

Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, исто така, граѓаните  ги советувам за време на овие летни горештини да пијат  и повеќе течности.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.