Поповски: Следува долг, сушен и многу топол период како и опасност од шумски пожари!

Во Македонија се до 10 јули ни следува долг, сушен и многу топол период. Ќе бидеме под влијаните на Сиптропски Антициклон, односно многу топла воздушна маса која ќе биде поврзана со поле на висок воздушен притисок,соопшто метео прогнозерот Славчо Поповски.
„Времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до температурите, тие до петок,4 јули, ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека од викендот, како и следната седмица тие ќе бидат уште повисоки и во Повардарието локално ќе се искачуваат во околу 42/43 степени. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
И во Скопје и околината ќе имаме сосема слично време како и во останатите предели од Македонија. Температурата во Скопскиот регион ќе се искачува близу или до 40 степени, а веќе следната седмица таа ќе надминува 40 степени.
Поради многу високиот УВ индекс, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, како и да пијат повеќе течности.
Поради многу топлото и суво време коешто ќе се задржи долг временски период, расте опасноста од појава на шумски пожари, па затоа бидете крајно внимателни како се однесувате со природата, но и почитувате ги законите во државата за забрана за движење низ шуми за време на овие летни месеци.“ додава Поповски.
Дума.мк
