Поповски: Следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

Објавено: 12 септември, 2025, во 08:10 часот

Во Македонија, денес петок, 12 септември и утре сабота, 13 септември ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела,14 септември, во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник, 15 септември, под влијание на Атмосферски фронт од север ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и создавање на влажни и нестабилни воздушни бранови.

Тоа значи дека во недела во попладневните, вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник на повеќе места ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на локално невреме. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 15 литри дожд на метар квадратен).

И во Скопје  и околината следува краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела во попладневните, вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме во делови од котлината.

Температурите во државата ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени додека во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.