Поповски: Следува продор на поладен бран во Македонија со ладно време, многу дожд и снег!

„Територијата на Македонија денес, четврток, 15 мај, од попладневните и вечерните часови, како и утре, петок,16 мај, ќе биде под влијание на голем влажен бран од Медитеранот кој насекаде ќе услови обилни врнежи од дожд.Се очекуваат, локално над 30 литри на метар квадратен. Во исто време од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта многу поладен воздух кој значително ќе ги намали температурите, особено утре, петок кога ќе бидат далеку под просекот за средината на месец мај.
Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка,локално, повисока од 10 cм. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, особено утре, петок, најизразен долж Повардарието.
За време на овој голем влажен и ладен бран, и во Скопје и околината ќе има пообилни врнежи од дожд, повремено со засилен ветер и тоа денеска од југоисточен, а утре од северен правец.
Најниски преку ден ќе бидат утре, петок, кога на повеќе места ќе изнесуваат до околу или под 10 степени. Само во Повардарието ќе се искачат до околу 15 степени. На планините температурите ќе се спуштаат близу и под нула на поголемите надморски височини.
Во Скопје и околината утре, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 15 степени,“ прогнозира метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
