Поповски: Викенд со значително свежо и врнежливо време
Објавено: 27 септември, 2025, во 08:43 часот
„Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова и на влажни воздушни бранови кои се поврзани со истата, викендов, времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Во Скопје и околината викендов ќе имаме слично време, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 20 литри на метар квадратен дожд.
Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и тоа од и над 10 степени додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје и околината температурата викендов ќе се искачува до околу 16/17 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


