Поповски: Викендов температурите ќе бидат пониски, наутро значително свежо!

Објавено на 21 јуни, 2025 во 08:36

„Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес, сабота, 21 јуни, додека утре, недела, 22 јуни, ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет  и од променлив правец. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.

Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера и тоа за 3 до 4 степени. Mаксималните дневни температури викендов ќе се искачуваат во интервал од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.

Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервал од 7 до 18 степени,“соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.