Поповски: Во Македонија, вчера, повторно измерени 42 степени!

Објавено на 8 јули, 2025 во 09:17

„Во вчерашниот ден, понеделник, 7 јули, во Македонија повторно беше многу топло со многу високи температури на воздухот. Претежно беше сончево и стабилно, а само накратко во планинските места во источните предели имаше развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така повремено дуваше и засилен ветер од југозападен правец особено во попладневните часови.

Најтопло вчера беше во Скопје, во  Петровец каде беа измерени 42 степени. На метеоролошката карта можете да ги видете вчерашните максимални дневни температури измерени низ нашата Македонија,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.