Поповски: Во петок и за време на викендот големо заладување и обилни врнежи

Објавено: 23 септември, 2025, во 08:19 часот

„Уште два дена ни остануваат да уживаме во убаво стабилно, сончево и топло време преку ден. Сепак утре, среда, 24 септември, во попладневните и во вечерните часови од запад полека облачноста ќе се зголемува што ќе биде најава за поголема промена на времето која ни следува веќе од четврток, 25 септември, во попладнвните и ноќни часови кон петок, 26 септември.

И во Скопје овие два дена ќе имаме сеуште стабилно, претежно сончево и топло време со постепено зголемување на облачноста од утре, среда, 24 септември, во попладневните  и во вечерните часови.

Температурите на многу места ќе надминуваат 25 степени, или ќе се искачуваат близу 30 степени додека во скопскиот регион како и во најголем дел од Повардарието температурата ќе надминува 30 степени.

Следува детална метео анализа околу големата промена на времето и која ја најавувам веќе подолго време,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.