Поскапува дизел горивото за половина денар

Објавено на 19 август, 2024 во 16:04

Еуродизел горивото од вечерва на полноќ ќе поскапи за половина денар, а за исто толку има раст на цената има и кај Екстра лесното масло за горење и Мазутот, одлучи РКЕ. Новите цени на дериватите стапуваат на силаод вечерва на полноќ.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 46,295 (денари/килограм)

Покачувањето на цените е во просек за 0,5 проценти што се должи на зголемување на цените на дериватите на светскиот пазар.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.