Поскапува дизелот а се намалуваат цените на бензините
Објавено: 6 април, 2026, во 16:05 часот
Од полноќ, цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари односно од 95,5 денари на 98 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за пола денар односно од 84 на 83,50 денари, додека иста останува цената на Еуросупер БС-98 и е 85,50 денари.
„Во одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 денари за литар и од 2 денари за литар за бензинските фракции. Доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 денари, а дизелот за 12 денари во однос на денешната одлука“, соопшти Регулаторната комисија.
Со денешната одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30 март.

Дума.мк

