После подолго време бројот на активни ковид-случаи падна под 1000

Објавено на 7 јуни, 2021 во 10:41

Mинистерот за здравство,  Венко Филипче,  завчера најави дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини од производителот „Синовак“ при посетата на Турција заедно со премиерот Зоран Заев. Како што информираше претходно во текот на неделава треба да пристигнат уште 500.000 вакцини од овој производител.

Тој исто така вчера објави дека вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати.

-Првпат по подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и сите оние кои сѐ уште не се пријавиле на vakcinacija.mk што поскоро да го направат тоа, напиша Филипче.

Според официјалната веб страница за вакцинација досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440.213 граѓани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.