Посвежо утро во Македонија, попладнево повторно локален пороен дожд
Објавено: 18 јуни, 2026, во 08:06 часот
„Денешното утро четврток, 18 јуни, во Македонија донесе ведро и малку посвежо време а најниска температура до 08:00 часот, измерена во Берово изнесуваше 6 степени. Најмногу дожд пак во изминатите 24 часа до 08:00 часот наврна во Гевгелија, и тоа 17 литри на метар квадратен дожд.
Најтопло ова утро беше на Скопје Зајчев Рид со измерени 16 степени.
Исто така, утрото беше претежно тивко и без некој изразен ветер во Македонија.
Во текот на денов повремено пак ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени додека во Скопје и околината до околу 31 степен. Попладнево повторно ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


