Потона најголемиот брод на иранската морнарица
Објавено на 2 јуни, 2021 во 11:45
Најголемиот брод на иранската морнарица потона во Оманскиот Залив по пожарот што избувна синоќа.
Пожарот избувнал од засега непознати причини и како што соопшти морнарицата, екипажот на бродот Карг успеал да се евакуира пред потонувањето на бродот, во близина на пристаништето Јаск во јужен Иран.
Карг беше еден од неколкуте бродови на Иранската морнарица што даваше поддршка на други бродови, а исто така беше и појдовна точка за хеликоптери.
Бродот е изграден во Велика Британија и заплови во 1977 година, а во иранската морнарица е од 1984 година.