Потопло утро, денешниот ден носи максимални 28 степени во Македонија
Објавено: 5 мај, 2026, во 09:04 часот
„Денешното утро, вторник, 5 мај, во Македонија донесе ведро време и значително повисоки минимални температури на воздухот кои се над нулата. Нема појава на утрински мразеви и на слана. Претежно е тивко и без изразен ветер.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.
Денешниот ден пак ќе биде сончев се до попладневните часови кога од запад полека облачноста ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.Во Скопје и околината максималмната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до околу 27 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк



