Поумерено топло време, од вторник,17 јуни, чести врнежи и грмежи!

Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено денес и утре, најизразен во Повардарието, гласи прогнозата на Славчо Поповски.
„Сепак, во попладневните часови ќе има сосема мали исклучоци, односно, локално можна е сосема мала нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат поумерени, односно нема да бидат екстремно високи, поради тоа што сме под послабо влијание на топлиот бран од Африка, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени. Во Скоспкиот регион температурата ќе се искачи до околу 32/33 степени.
Поради распространување на висински циклон над нашиот дел од Европа поголема дестабилизација на атмосферата, на повеќе места во државата, очекувам да се појави од вторник,17 јуни. На повеќе места во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локални временски непогоди, додаде метео прогнозерот Поповски.
Дума.мк
