Повисока цена на струјата од денеска
Во Македонија од денеска струјата во просек поскапува за 7,4 отсто и ќе изнесува 48 евра за киловатчас. Потрошувачката до 210 киловатчасови граѓаните ќе ја плаќаат по најниска цена, а сметките за потрошувачка во следните три тарифни блокови ќе се зголемат.
Регулаторната комисија за енергетика воведе и четири тарифи со различни цени, за да ги мотивира граѓаните да штедат струја. Од регулаторното тело објаснуваат дека граѓаните кои на пример трошат 500 киловатчаса за еден месец ќе плаќаат 210 киловати по најниска, а останатите 290 по повисока цена. Проценките се дека со реформата на тарифниот модел ќе се заштитат најранливите категории граѓани.
Првиот блок е до 210 киловатчаса, кој ќе биде најевтин, вториот од 210 до 630 киловатчаса, третиот од 630 до 1050 киловатчаса и четвртиот над 1050 киловатчаса, кој е најскап. Евтината струја ќе биде 3,92 денари.
Новина е и тоа што трошоците на сметките за пренос на енергија се пресметуваат одделно од цената на струјата.