Православен календар: Денеска се празнува Светиот пророк Језекиил

Објавено на 3 август, 2022 во 09:03

Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Језекиил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Јеремија.

И додека Јеремија учеше и пророкуваше во Јерусалим, Језекиил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Јеремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Језекиил во Јерусалим. Пророштвата на обајцата свети мажи се совпаѓаа. И обајцата беа наскрбувани и мачени од неверниот род еврејски.

Пророкот Језекиил имаше страшни и нечуени виденија. На реката Ховар ги виде небесата отворени, облак, оган и блескање и четири животни како растопен бакар. Едното животно имаше лице човечко, другото лице на лав, третото телешко, а четвртото орловско. Човечкото лице го означува Господа вплотен како човек, лавовското го означува Неговото Божество, телешкото неговата жртва, орловското лице го претставува неговото воскресение и вознесение. Другпат му се покажа слика на воскресението на мртвите.

Пророкот виде долина полна со суви мртовечки коски и кога над нив слезе Духот Божји сите мртовци оживеаја и застанаа на своите нозе. Ја виде уште и најстрашната пропаст на Јерусалим, кога гневот Божји покоси се освен оние што отпорано беа обележани со грчкиот знак наречен тав, а тој знак е како нашата буква Т, што пак, е знак на крстот.

Злобата на Евреите не го поштеди ниту овој свет маж. Огорчени на него затоа што ги изобличуваше, Евреите го врзаа за опашки на коњи и така го растргнаа. Погребан е во гробницата на Ноевиот син Сим.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.