Православните верници го празнуваат Петковден во чест на Преподобна Параскева (Петка)

Православната црква и верници денеска го чествува празникот Петковден. Тоа е светителски празник којшто се празнува секогаш на истиот датум, а денот од седмицата секоја година се менува. Празникот е секогаш на 27 октомври или 14 октомври, по стар стил.
Света Петка Параскева цели 10 века има силно развиен култ и слава кај нас и кај сите народи на Балканот, бидејќи таа е од овие простори и нејзините мошти се пренесувани низ Бугарија, Србија и Романија. Народот се зближил со неа, а таа е небесна закрилничка на овие народи и брза помошничка на болните, немоќните и оние кои бараат помош од неа со искрена и чистосрдечна молитва.
Петковден е и првиот поголем празник и слава на светителка во празничниот циклус, а со него започнуваат и зимските слави и празнувања. Се сменува сезоната, а годинава, на Петковден се сменува дури и часот за зимското сметање на времето, што го потврдува црковното правило за почеток на новото зимско време.
Дума.мк
