Преку креативни книжевни работилници промоција на „Букварче мое другарче“ од Сузана Мицева
Во среда, 23 март, во НУЦК ,,Антон Панов“ во Струмица ќе се промовира најновата книга на Сузана Мицева “Букварче мое другарче“ која им се обраќа на читателите од рана училишна возраст. Промцијата е замислена како креативна книжевна работилница со македонската азбука и нуди можност на еден интересен начин децата да се запознаат со бувките и нивното изговарање, објави Дрнка.мк.
,,Со посебна радост Ве покануваме да ни бидете специјални гости со Вашите ученици и наставници од одделенска настава и да се вклучите во промоцијата која е замислена како креативна книжевна работилница со македонската азбука. Првата работилница ќе се одржи во 13.30 часот, втората во 14.30. Пријавете го Вашето учество во еден од дадените термини и бидете дел од нашето патување по волшебниот пат на нашата азбука,, стои во поканата од Просветно дело издавач на новата книга на Мицева.
На креативните книжевни работилници воведно обраќање ќе имаат рецензентката Тања Гошева и промоторката Ана Витанова Рингачева.
Илустрациите за книгата на Мицева се на Натали Николовска. На работилниците гостин ќе биде и детскиот писател Киро Донев а како модератор и креативен уредник е Ксенија Маказлиева Трајчева.
Дума.мк