Пролетно топло време – Променливо со ветер и малку дожд во Македонија
Објавено: 17 април, 2026, во 09:11 часот
„Денес и утре, петок 17 и сабота 18 април, во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.
И во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд.
Во недела, во Македонија, времето ќе биде насекаде стабилно, суво и претежно сончево со мала до умерена локална облачност а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 13 степени а во Скопје и околината до околу 12 степени. Малку пониски минимални утрински температури на воздухот ќе имаме во недела кога тие ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје и околината до околу 6 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени а во Скопје и околината помеѓу 21 и 24 степени. Малку пониски температури ќе имаме во недела на 19 април 2026 кога преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени а во Скопје и околината до околу 21 степен.
До крајот на денешниот ден во атмосферата сеуште ќе имаме поголемо присуство на Сахарска прашина и на песок па токму поради ова и атмосферата ќе ни биде заматена и нечиста. Веќе од утре овој облак од Сахарска прашина и од песок ќе се повлекува кон југ и ќе ја напушта територијата на Македонија па веќе и атмосферата ќе ни биде значително почиста,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк



