Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Објавено на 30 август, 2022 во 09:14

Времето денеска променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 5.

И утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.