Променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Објавено на 9 јуни, 2022 во 09:15

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ ќе изнесува 7.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утре се очекуваат пообилни количини воден талог, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.