Променливо облачно време, од утре сончево
Објавено на 5 септември, 2022 во 09:12

Времето денеска претпладне променливо облачно со локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура.
