Променливо облачно време со сончеви периоди и северен ветер

Објавено: 21 мај, 2026, во 09:05 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните ќе достигнат од 20 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди и повремено засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 26 степени.

Метеоролозите за утре и за претстојниот викенд најавуваат нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места се можни и поинтензивни временски непогоди проследени со обилен пороен дожд и силни удари на ветер кои би можеле да надминат 60 километри на час.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.