Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне можно невреме и град
Објавено: 3 јули, 2026, во 08:55 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На одделни места се очекуваат пообилни врнежи од над 15 литри на квадратен метар, грмежи и ветер со брзина поголема од 60 километри на час, а можна е и појава на краткотрајно невреме со град.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 22 до 34 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека попладне во делови од котлината ќе има услови за повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
До средината на следната седмица се очекува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, додека во следните денови ветерот ќе биде умерен до засилен и ќе дува од северен правец.
Дума.мк


