Протест „Правда за Викторија“ пред Кривичен
Објавено на 15 април, 2022 во 15:51

Денеска пред Кривичниот суд во Скопје се одржа мирен протест против пресудата за возачот кој ја прегази 24-годишната Викторија кај Сити мол.
„Денес бараме повторно и повторно правда за неправедната пресуда, за целата неправда која ни беше нанесена и сè уште се нанесува. Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство и оваа неправда која не боли до коска“,рече сестрата на Викторија.
„Палата на неправда“, „Правда за Викторија“, „Убијци возачи, судии без совест“, „Стоп за сообраќајно насилство“. „Три години за убиство на пешачки, три години за 150 ќебапчиња“ , беа дел од испишаните транспаренти на денешниот протест.
