Прв летен ден, денеска денот трае 15,36 часа
Објавено на 21 јуни, 2025 во 10:13

Летото на северната полутопка на Земјата официјално започна утрово во 4:42 часот, додека зимата започна на јужната полутопка во исто време.
За жителите на Северната хемисфера, летото започнува во моментот кога северниот дел од оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на Сонцето напладне е најголема во текот на годината.
Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната полутопка.
На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг.
Сонцето денеска изгреа во 04:52 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, што значи дека дневната светлина ќе трае 15,36 часа, а ноќната светлина осум часа и 24 минути.
Дума.мк
