Регионален извештај „Колку добро земјите на Западен Балкан ги заштитуваат укажувачите“
Транспаренси Македонија е дел од граѓанските организации кои учествуваше во подготовката на регионалниот извештај „Колку добро земјите на Западен Балкан ги заштитуваат укажувачите“. Овој извештај беше изработен како дел од активностите на проектот „Исполнување на ветувањата за укажување: Одбрана на правата на граѓаните и борбата со корупцијата“ кој е финансиски подржан од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States and USAID.
Проектот има за цел да процени колку добро функционираат системите за заштита на укажувачите во земјите од Западен Балкан преку следење на исходите од случаите, анализа на добри практики и објавување и застапување за реформи и подобрувања. Активностите и резултатите од проектот во целина ќе имаат за цел да придонесат за зајакнување на рамката за заштита на укажувачите во целните земји и процесот на усогласување на домашното законодавство со Директивата на ЕУ за заштита на укажувачи.
Главни заклучоци и препораки:
►Подобрување на законската регулатива, како и поддршка на институциите кои се надлежни да спроведат заштита како од кадров така и од финансиски аспект.
►Поголема подршка и мотивираност на институции задолжени за надоврешно пријавување поактивно да преземаат мерки во заштитата на укажувачите. Со посебен аспект на органите за прогон како Министерството за Внатрешни Работи и Јавното Обвинителство на РСМ.
►Заради поефикасна и поефективна заштита потребно е институциите кои што се согласно законот носители на спроведување на заштитните механизми меѓу себе да се координираат и да ја продлабочат соработката.
►Да се спроведе обука на адвокатите и судиите за поефикасна заштита на постапките со укажувачи, односно да не се дозволи одолговлекување на судски постапки кои опфаќаат заштита на укажувачите.
►Сите надлежни институции, граѓанскиот сектор и медиумите заедно треба да се посветат повеќе на промоција на Законот за заштита на укажувачите. Да ја информираат јавноста за успешноста од своите исходи и да покажат дека системот кој се бори со неправилностите во државата успешно функционира.
► Владата и Министерството за финансии треба да овозможи повеќе средства со што би се промовирал системот на заштита на укажувачите и би се зголемил човечкиот капацитет за да се постигне подобар резултат.
Дума.мк