Русковска: Имаме најголеми плати, но нема интерес да се работи во обвинителство за гонење организиран криминал
Објавено на 6 јули, 2022 во 13:25

Имаше оглас за четворица обвинители во ова обвинителство и на мое големо изненадување само шестмина се пријавија меѓу кои и две колешки на кои им истече мандатот. Некако ме загрижува, да кажам, незаинтересираноста на колеги обвинители да работат во ова обвинителство и покрај тоа што направив голем напор, вели шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
ОЈО за гонење организиран и криминал, вели таа, треба да има 20 обвинители, но функционира со шест помалку. Сепак, според Русковска, тоа не влијае многу на работата.
-Имаме најголеми плати во јавнообвинителската организација како обвинители, но и покрај тоа многу мала заинтересираност, рече Русковска.
