Се намалува бројот на заболени од Ковид-19 во земјава
Во земјава се намалува бројот на заболени од Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 167 случаи на Ковид-19, од направени 1.478 тестирања. Оздравени се 275 пациенти, а починати седум лица.
Од заболените, доминира возрасната група на 60 години. Во поголемите градови се регистрирани и најголем број на починати, но поголема смртност има и во други градови, на пример Струга, Крива Паланка, Крушево. Во Скопје во моментов има најмногу активни случаи.
Во Кавадарци, Неготино и Охрид има највисок опфат на вакцинирани со две дози, а најнизок во Дебар, Струмица и Гостивар.
Две лица во земјава досега по третпат се заразиле со Ковид-19, а 953 лица двапати се заразиле, информираше епидемиологот Драган Кочински од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на онлајн средба која ја организираа Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија, во соработка со НВО Инфоцентарот.
Говорејќи за реинфекциите, Кочински кажа дека од двете лица кои по третпат се заразиле со коронавирус, едното лице има хронична бубрежна болест и е на дијализа, со намален одговор на телото кон болеста. Другиот случај на зараза бил пријавен вчера и сѐ уште не е готова епидемиолошката анкета.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695. Вкупно има 5.707 активни случаи