Северен ветер и врнежи од дожд и снег, со засилен северен ветер во Повардарието

Објавено: 28 март, 2026, во 09:03 часот

„Променливото и релативно ладно време за самиот крај на месец март продолжува и викендов со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен а повремено и со умерен интензитет како и со услови за ретка појава на грмежи. На планините пак и на повисоките места со надморска височина од над 1000/1100 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието.

Во Скопје  и околината викендов времето ќе биде променливо со повремено засилен ветер од северен правец  и со услови за послаби локални врнежи од дожд а на околните повисоки планини врнежите ќе бидат од снег.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 14 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.