Шекеринска: Војникот со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје
Објавено на 11 мај, 2021 во 13:00
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција соопшти дека војникот кој е на мировна мисија во Централно африканската република, со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје.
-Еден од нашите припадници на Армијата подполковник кој учествува во европската мировната мисија во Централноафриканската Република, минатата недела доби позитивен тест на ковид 19 и бидејќи состојбата од страна на медицинските експерти не беше согледана како целосно под контрола по нивна препорака тој со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје, изјави Шекеринска.
Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.