Силниот ветер вчера вечер причина за пренасочување на слетување на два авиони од скопски на приштински Аеродром

Објавено: 18 ноември, 2025, во 08:54 часот

Два авиони, вчера вечер, бea пренасочени за слетување кон приштинскиот аеородром поради силен јужен ветер кој го зафати скопскиот регион.

Од Дирекцијата за заштита и спасување вчера, во 19:30 часот, информираа дека други два авиона кружеле и чекале насоки за слетување. Директорот Стојанче Ангелов информира дека ветерот кој претставувал проблем за авионите бил регистриран на поголема височина. Станува збор за летовите од Берлин и Ајндховен, со очекувано време на пристигнување околу 18:20 и 18:50 часот, коишто не добиле дозвола за слетување.Пилотите добиле инструкции од Kонтрола на летање на скопски Аеродром да ја продолжат рутата кон аеродромот во Приштина како алтернативна дестинација.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.