Скоро 1000 казни за брзо возење на територија на Македонија
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи.
-Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.