Славчо Попоски: Ла Ниња повторно ќе добие на интензитет, не очекуваат голем број на временски непогоди

Климатскиот феномен Ла Ниња, која носи поладно време во Европа и на Балканот во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно, ќе се зголеми нејзиното влијание, наспроти топлиот климатски феномен Ел Нињо, објасни метеорологот Славчо Попоски.
-Тоа би можело да придонесе оваа 2025 година кај нас да биде поладна за разлика од изминатите години, а очекувам и голем број на нови временски непогоди, како и поплави. Сепак и покрај ова, не значи дека воопшто нема да има лето, нормално истото ќе го има и ќе се оди на плажа, ќе има летни горештини, но не би требало тие да бидат премногу екстремни и многу долготрајни, додава Попоски.
Според него потребно е да се подготвиме и да се навикнеме на честите временски непогоди кои ги има последниве неколку години кои за жал стануваат се посилни.
Дума.мк
