Славчо Попоски: Викендов температурите ќе надминуваат 20 степени
Објавено: 11 април, 2025, во 10:55 часот
Под влијание на потопла воздушна маса од југ, овој викенд ќе биде територијата на нашата држава. Но во текот на утрешниот ден особено во Повардарието и во источните предели се уште ќе дува повремено засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец повремено и локално со брзина од над 60км на час.
-Исто така, во текот на утрешниот ден во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи, додека само на највисоките планини ќе има услови за слабо провејување на снег. Во недела, 13 април, брзината на ветерот значително ќе се намали и времето ќе биде стабилно, со појава на умерена локална облачност, објасни метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Тој додава дека температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени, преку ден ќе се искачуваат од 15 до 23 степени.
Дума.мк


