Славчо Попоски: За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!

Објавено на 16 април, 2025 во 10:26

За време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово, Велигден, ќе има стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

-Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, објасни метеорологот Попоски.

Убавото време за Велигден искористете го максимално и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License