Следната седмица со пониски температури од сегашните и за повеќе од 10 степени!

Објавено: 25 јули, 2025, во 08:23 часот

„Веќе од недела навечер и ноќта кон понеделник, 27 кон 28 јули, поради продор на значително посвежа воздушна маса од север, температурите во Македонија ќе бележат тенденција на поголемо опаѓање, за 10 степени локално и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме деновиве.

Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец.

Сепак и покрај ова поголемо освежување, врнежи засена нема на повидок, што значи дека големата суша продолжува  и понатаму. Има услови само за сосема ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во текот на следната седмица.

Се на се, следната седмица не очекува многу попријатно време со значително пониски температури на воздухот за разлика од сега, а наутро ќе биде и значително посвежо, гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.