Следува период на локални врнежи во котлините и снег на планините
Објавено: 23 март, 2026, во 09:01 часот
Зголемена облачност и локални врнежи од дожд ни носи денот понеделник 23-ти март 2026 во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. На планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег. Повремен локален слаб дожд ќе има и во Скопје и околината а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Во вторник на 24-ти март 2026 ветерот од северен правец повремено ќе биде засилен на интензитет а ќе продолжи променливото време со услови за слаб локален дожд.
Наутро во понеделник 23-ти март 2026 температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 15 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


