Службените возила ќе имаат таблици во боја, најдоцна до 15 септември годинава

Државните институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја.
Одлуката донесена е на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.
Со оваа мерка ќе се зголемува транспарентноста, отчетноста и воспоставувањето на контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат службените од приватните возила, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели.
Мерката содржи и отворање на телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили. Секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.
„Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, кој ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење,“ пишува во соопштението на Службата за зеднички работи во Владата.
Дума.мк
