Со ноќен радар 119 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи.
-Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 43 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелирае до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.